Проекција на „Lobster“ и дискусија во СЦ „Дуња“

Во Социјалниот центар „Дуња“ во петок (17 февруари) ќе се проектира филмот „Lobster“ („Јастог“) на режисерот Јоргос Лантимос.

„Lobster“ е филм од 2015 година кој ја прикажува дистописката идеја за општеството на иднината (можеби сегашноста) преку приказната за главниот лик кого го напушта жената, по што тој оди во хотел за самци, во кој има 45 дена да ја пронајде својата сродна душа или ќе биде претворен во животно.

„Дојдете заедно да дискутираме за тоа дали е ова реална дистописка слика на меѓучовечките односи кон која тежнее нашата сегашност ориентирана кон технологија, информации и социјална контрола, или можеби станува збор за екстернализирана психолошка реалност на сегашното општество“, се вели во најавата за настанот на „Дуња“ и „Коприва Колектив“

Проекцијата започнува во 18 часот, а по завршувањето следува кратка пауза и дискусија.

Модератори се Марија Грубор и Теодора Савиќ