Проекција на краткометражни филмови од режисерот Агим Абдула

Во четврток (20.06.2019) со почеток во 19:00 ч. во Џебното кино во Младински Културен Центар – Скопје ќе се одржи проекција на краткометражните филмови „Одлука“ и „Почетокот“, во режија на Агим Абдула и продукција на „Galaktika Pictures“.

По проекцијата, Гледај.мк (неформалниот колектив за театарска и филмска критика) организира дискусија со режисерот Агим Абдула и продуцентот Бунјамин Куртиши.

Синопсис на „Одлука“: Еден млад човек е приморан да донесе одлука: да го направи претходно договореното криминално дело или да спаси нечиј живот?

Синопсис на „Почетокот“: Светот со полн со лаги и измами. Луѓето не се сигурни дали тоа што го гледаат е реално или замислено, а реалноста е сосема поинаква. Дали смртта е крајот или почетокот?

Влезот е слободен за сите заинтересирани.