Проекција на кратки анимирани филмови во продукција на ОХО

Во арт кафе „Концепт 37“ вечерва (19-ти мај) во 20 часот ќе бидат прикажани два кратки анимирани филмови, кои се изработени од македонски артисти во продукција на ОХО, со поддршка на Британската Амбасада во Македонија.

Филмовите „Како Петко (не) си ги заврши обврските?“, по текст на Билјана Петревска Малинова, режија Елеонора Венинова, илустрација Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, и анимацијата е на Диме Ѓорѓиевски и Симон Стојановски.

„Волшебната комета“ ,по текст на Николина Андова Шопова, режија на Елеонора Венинова, илустрација на Катерина Николовска и анимација Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски.

Анимираните филмови се дел од едукативниот проект „Сите сме еднакви“ кој е поддржан од Британската Амбасада во Македонија и Министерството за образование и наука.

На настанот е најавено присуство и на амбасадорот Чарлс Гарет.