Проекција на „И(с)згубени“ и дискусија во МКЦ

Гледај.мк и Младински културен центар на 28 мај со почеток од 19 часот организираат проекција на филмот „И(с)згубени“ (Missing dog/Zstracený) во режија на Антонио Вељаноски и продукција на Story Scope Production во соработка со Studio FAMU.

По проекцијата, заедно со кинематограферот Владимир Димоски, композиторот Игор Василев Новоградска и продуцентката Елена Станишева ќе има дискутисија за филмот.

„’И(с)згубени’ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот“, се вели во најавата за настанот.

Поради ограничениот број места во Џебното кино, неопходно е заинтересираните да го најават своето учество преку пополнување на следниот прашалник.