Проекција на филмови денес на Академска сцена на ФДУ

Филмови испитни вежби на студентите на катедрата за Филмска и ТВ режија ќе бидат прикажувани денес на Академска сцена на Факултет за драмски уметности, во 8:30 часот.

Ќе бидат прикажани филмови на студентите Тамара Котевска, Лидија Мојсовска, Андреј Георгиев, Ана Јакимска, Михаил Димитров и Кристина Ризовска, од класата на професор Антонио Митриќески.

На репертоарот се кратките филмови„ Онаа што ни ја плати киријата“, „Whatever vorsk“ (адаптација на дијалошка форма од филмот „Whatever vorsk“ од Вуди Ален), „Да ти ебам ветерот“, „Олеандер“, „Вести од спортот“, „Free hugs“, „Мама“ и „Jean Claude returns“.