Проекција на филмот „Сино срце“ во Охрид

Во Филмската академија Охрид денеска од 20 часот ќе биде проектиран документарниот филм „Сино срце“. Проекцијата е во организација на „Еко-свест“ и „Петагониа“.

„Повеќе од 3000 хидроенергетски објекти се планирани или се во процес на изградба на последните европски диви реки на балканот кои ќе предизвикаат огромни штети на овие реки, природата и локалните заедници“, стои во најавата за проекцијата.

Филмот „Сино срце“ зборува за напорите да се зачува загрозениот балкански рис во Македонија, за борбата за реката Вјоса во Албанија, најголемата слободна река во европа, и за жените од Крушчица во Босна и Херцеговина кои веќе со месеци дежураат на мостот и го спречуваат почетокот на изградбата на хидроелектраната на реката Крушчица.