Проекција на филмот „Илузија“ и дискусија со Средношколски Пленум

Вечерва во Малата сала на Домот на културата во Битола во 20:00 часот ќе се одржи проекција на филмот „Илузија“ и дискусија со претставници на Средношколски Пленум.

„Илузија“ е дебитантски филм на режисерот Светозар Ристовски, за којшто, „New York Times“ ѝ забележува на приказната која ја оценува за „слабо развиена”, но сепак заклучува дека филмот е „застрашувачки прозорец кон балканската земја”.

Дејството на филмот се одвива во Велес и е приказна за едно талентирано, но злоупотребувано момче кое е предадено од своите илузорни надежи за подобра иднина и по склоп на околности, претворено во криминалец. Марко расте во фамилија со татко алкохоличар, мајка којашто е постојано уплашена и од којашто не добива поддршка и промискуитетна сестра.

Филмот дава една мрачна престава на пост-југословенска Македонија, портретирајќи ја како место подложно на насилство и корупција.

По филмот, ќе се дискутира за средношколскиот пленум, на кои принципи функционира, зошто се појавува таква форма на организација, против што се борат и кои се нивните заложби, што планираат, како и за искуствата од соседните градови каде што се бојкотира наставата.

Влезот на настанот е слободен.