Проекција на филмот „Дипломатија“ за годишнината на Елисејскиот договор

Амбасадите на Сојузна Република Германија и на Република Франција во четврток (21 јануари) одбележуваaт 53 годишни од потпишувањето на Елисејскиот договор со прикажување на француско-германскиот филм „Дипломатија“, на режисерот Фолкер Шлендорф. Проекцијата ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, во 18 часот.

Филмот е добитник на наградата Цезар 2015 за надобра филмска адаптација, а главниот актер Нилс Арестрип беше номиниран за Цезар 2015 за најдобра машка улога.

Реномираниот француски дневен весник „Ла Кроа“ за филмот ќе напише дека е „во извонредна режија на Фолкер Шлендорф, големиот вљубеник во моќниот Париз, (…), кој успева да воспостави совршена рамнотежа помеѓу двата конфронтирани лика, прикажувајќи ги детално и нијансирано сите фази на една спротиставеност“. Неделникот „Пари-Мач“, пак, ќе го оквалифукува како „вешта алегорија на една спротиставеност низ два сосем различни концепти за светот и должноста“, а „Теле 7 Жур“ ќе напише „Едноставно вобудлив“.

Филмот е со превод на македонски и на англиски јазик.