Проекција на „Џган“ и дискусија во „Котур“

Во кафе и филм „Котур“ на 10 април (среда) од 20 часот ќе се одржи проекција на „Џган“, дебитантскиот филм на Вардан Тозија.

По завршувањето на проекцијата присутните ќе имаат шанса да дискутираат со режисерот и да му постават по некое прашање.

Филмот од 2016 година пренесува приказна за низа од свирепи околности што претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – џган.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.