Проекција на „Други девојки“ во „Котур“

На 12 јануари (недела) од 20 часот во кафе-кино „Котур“ ќе се одржи проекција на финскиот филм „Други“ девојки“ во режија на Еса Или.

Приказната за филмот, според најавата, е врзана за четири 8-годишни девојки, Џесика, Џени, Тару и Аино, влегуваат во светот на возрасните губејќи ја својата невиност, а на моменти и нивната вера…

„Филмот се базира на приказната на четири 18-годишни девојки од Хелсинки кои снимале провокативни видео записи за нивните животи во текот на една година, 2011“, стои во најавата за филмот.

„Други девојки“ забележа 4 номинации на националниот фински филмски фестивал, како и учество на фестивалот во Сиетл (САД).

Возрасна категорија за филмот е 12 години.