Проекција на документарниот филм „Засолниште“ во рамки на „Докувизија“

На деветти декември (среда), во џебното кино на МКЦ во 20 часот, ќе се прикажува филмот„Засолниште“ на швајцарскиот документарист Фердинанд Меглар. Организатори на проекцијата се Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „Македокс“ и „Докувизија“.

По четирите успешно реализирани кино-средби во рамки на проектот „Докувизија“, на ред е петтото кино-дружење, последно за оваа година.

Филмот е мотивиран од миграциите и лажното гостопримство на Европа, филмот говори за социјалните тегоби во современите општества и човечката резигнираност како одговор на истите.
Домаќин на настанот е хрватската филмска организација Restart Documentary од Загреб. Како и досега, и оваа филмска приказна истовремено ќе биде прикажана во Љубљана, Загреб, Белград,Призрен и Подгорица.

По филмот ќе се одржи дискусија со тимот од „Македокс“ и публиката од останатите градови.