Проекција на документарниот филм „Над возможното“ во Кино Култура

Во петок, во Кино Култура, со почеток во 20 часот, ќе прикажува документарниот филм „Над возможното“ (Over the limit), чија премиера се случи на деветото издание на фестивалот „МакеДокс“, во август годинава.

Документарниот филм, проект на Полска, Германија и Финска, ја носи приказната на Маргарита Мамун, елитна ритмичка гимнастичарка која сонува да стане олимписка шампионка.

2017-та е најважната година во нејзината кариера и последна шанса да си го оствари сонот. Оваа документарна драма, набиена со силни емоции, портретира млада девојка која очајнички се труди да се справи со своите амбиции и да ги исполни екстремните очекувања на своите тренери. Водејќи нè во затворениот свет на руските спортисти, филмот покажува дека рускиот ментален склоп не познава граници.

По фестивалската проекцијата на филмот режисерката Марта Прус, меѓу другото, објасни дека правејќи филм за врвната руска гимнастичарка Маргарита Мамун не сакала „да прикаже спортист кој стигнува до врвот на кариерата со победа на Олимпијада, туку човек со емоции“. „Победата е кратка, но патот до неа е долг“, нагласи Прус во август оваа година.

Влезот за проекцијата чини 100 денари.