Проекција на документарниот филм „Алфабет“ на Филолошкиот факултет

Тимот на фестивалот Македокс, заедно со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ следниот четврток (23 април) во 18:00 часот организира проекција на документарниот филм „Алфабет“.

Станува збор за остварување на австрискиот режисер Erwin Wagenhofer, во кое се зборува за љубопитноста, играта и фантазијата како основни манифестации на човечката креативност, кои се потиснати во стандардните образовни системи. Модерното образование, според премисата на филмот, е насочено кон создавање капиталистички роботи наменети за постигнување резултати