Проекција на документарецот „Сиромавиот роднина“ за корупцијата и злоупотребата на ЕУ средствата

Младински Сојуз – Крушево во соработка со МИТ Кариерниот Центар денеска ќе го претстават документарниот филм „Сиромавиот Роднина“ во просториите на МИТ Универзитет на Плоштад „Македонија“, City Gallery.

„Сиромавиот роднина” е документарен филм кој ја преставува реалноста и предизвиците на малите заедници од шест различни европски земји, како и прецепцијата на луѓето за причините за корупција и злоупотребата на ЕУ средствата, ставени во контекстот на сиромаштијата, незнаењето и реалните проблеми.

Филмот е снимен во Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Романијa и во Италија.

Тој едел од проектот „АЛО – Прашај ги локалците!”, финансиран од програмата „Europe for Citizens”, реализиран од страна на организацијата “INTER ALIA” – Грција во соработка со Младински Сојуз – Крушево.