Проекција на документарец за Франце Прешерн на Филолошкиот факултет

Словенечкиот центар – Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје организираат проекција на документарен филм за д-р Франце Прешерен, денеска во 13.00 часот, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во библиотеката за македонски книжевности и јужнословенски книжевности.

Настанот е во рамките на Месецот на словенечка култура во Република Македонија, кој е во организација на Словенечкиот центар – Скопје и ќе биде реализиран со поддршка на Бирото на Владата на Република Словенија за Словенците во соседството и по светот.