Проекција на документарците за Бернајс пропаганда и за К.У.Р. во Кинотека

Музичко-документарниот филм „Денот да е радосен“ за бендот „Културно уметнички работници“ и „Ако никој не свири”, за „Бернајс пропаганда“ ќе имаат проекции во кинотеката на Македонија.

Вечерва (16 јануари) со почеток во 20 часот е најавена проекцијата на „Ако никој не свири“ одблиску ги следи почетоците на бендот низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија Филмот е сниман по сценарио и режија на Ѓорѓи Јаневски.

Музичко-документарниот филм „Денот да е радосен“ за бендот „Културно уметнички работници“ пак ќе биде прикажан на 17-ти и 18-ти јануари. Режисер и сценарист е Љубица Поповска, монтажата е на Тоде Коцев, директор на фотографија е Игор Ангеловски, а продуценти се Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ.

Преку бендот „Културно уметнички работници“ како главни протагонисти во овој документарен филм се открива интимна конверзација на дел од најбитните ликови на македонската алтернативна музика.