Проекција на „Die Welle” во Младински клуб

Младинската организација „Мугра” во соработка со новиот Младински клуб ја организира проекцијата на филмот „Die Welle”. Проекцијата е закажана за четврток, 5 април, со почеток во 18:30 часот.

„Големите социјални поместувања често носат промени кои драстично ги поместуваат идеолошките карактеристики на широките народни маси. Идеи кои ќе завлечат милиони, моќта на единството, континуираната потреба за постоење на непријател, на “другиот” носат цврстина на една екстремна идеологија, без разлика дали е тоа на левиот или десниот крај на политичкиот спектрум.

Сметаме дека оваа проекција најдобро ќе илустрира од каде потекнува, како се развива и кои се условите кои овозможуваат екстрем да стане норма во едно општество“, се вели во најавата на настанот.