Проекција на „Bikes vs Cars“ и панел-дискусија на „Охридско еко лето“

Темата на денешниот ден на „Охридско еко лето“ е „Одржливо живеење“, при што од 12 часот во хотелот „Метропол“ е најавена проекција на филмот „Bikes vs Cars“.

Исто така, на денешната агенда од 13 до 15 часот е панел-дискусија со Даница Павловска и Стефан Бужаровски. Модератор е Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест“, кои се организатори на настанот.

Инаку, „Охридско еко лето“ е настан кој се одржува од 26 до 30 јули. Има за цел да мобилизира дискусија за повеќе горливи теми кои се наметнуваат како проблеми на Охридското крајбрежје. Секој ден обработува различна тема за природата, еко-туризмот, за одржливо живеење, а последниот ден е проблемот со отпадот – „Редуцирај – реупотреби – рециклирај“.