Проекција и работилница за слободата на мислење и изразување вечерва во ЕУ инфо центар

Делегацијата на Европската Унија и Интернационалниот фестивал за креативен документарен филм „МакеДокс“ вечерва ќе одржат проекција на филм и работилница на тема слобода на мислење и изразување.

Со почеток во 20 часот, пред публиката ќе се прикаже филмот „Бурма ВЈ – известување од затворена земја“, а од 21 часот ќе се одржи и работилница водена од Сашо Н. Алушевски, координатор на проектот „Ние сме визуелни“.

Воведен збор на настанот ќе има Киријана А. Николоска, претседателка на „МакеДокс“.