Проекција и дискусија за филмот „Патешествие“ кој ја следи бегалската рута низ Македонија

Левичарското движење „Солидарност“ најавува проекција на еден од најемоционалните документарци во кој е прикажана маката, силата и солидарноста на луѓето во движење за време на нивното патешествие кон Европа. Проекцијата и дискусијата која ќе следи по неа ќе се одржат утре (5 август), во 19 часот, во  дворот на идниот социјален центар спроти Градежен факултет .

Филмот „The Journey”  е на независниот филмски режисер Метју Касел кој изоде пеш низ Македонија заедно со бегалците и мигрантите, кога за нив беше нелегален секаков вид транспорт. Во овој филм тој ги прикажува како неверојатно храбри, силни и истрајни луѓе, наместо како жртви.

По проекцијата на филмот ќе следи отворена дискусија за системската криза, за тешкотиите и поуките од минатите години миграција низ Македонија, како и за можностa за останување во Македонија и нејзиниот систем за азил.

Говорници се режисерот на филмот Метју Касел, Мерсиха Смаиловиќ од Легис, Воислав Стојановски од Хелсиншки Комитет и активистката Габриела Андреевска.