Проекции на најдобрите алпинистички филмови во кино Фросина

Ова е втора година на традиционалната REEL ROCК филмска турнеја, со светски најдобрите и најгледани алпинистички филмови во Скопје.

Минатата година за првпат македонската публика имаше можност да го проследи деветтото продолжение на REEL ROCК, кое го донесе долго очекуваниот и наградуван документарен филм „Valley Uprising“ на американските режисери Питер Мортимер и Ник Росен. Јубилејното десетто издание на највозбудливата качувачка филмска турнеја и премиерата на овогодишнoтo скопско REEL ROCК издание ќе се случи на 21 октомври во киното Фросина, овој пат со уште побогата локална програма и уште пет документарни филмови за најголемите случувања и достигнувања во глобалниот качувачки свет.

Основани во 2006 година од страна на Џош Ловел (Big UP Productions) и Питер Мортимер (Sender Films), REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од REEL ROCК настаните вклучуваат различни презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувања.

Десеттата по ред REEL ROCK филмска турнеја, започна на 17-ти септември во Болдер, Колорадо и ќе трае се до крајот на 2015 година, прикажувајќи ги најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. Оваа година со јубилејното REEL ROCK 10, Скопје заедно со уште 450 градови низ светот, со поддршка од Амбасадата на САД,ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања, најавуваат организаторите.

Манифестацијата е во организација на Solis и SkiMacedonia со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.

Покрај настанот во Младинскиот културен центар ќе се одржат и надворешни активности како
Трансферзала МАКЕДОН, 17-18 октомври
– Реболт на насоки на качувачки локалитет Матка, 25 октомври

Целата програма е достапна овде.