Продолжуваат студентските протести во Приштина, се бара оставка од ректорот

Најмалку еден косовски полицаец е повреден при судири со група студенти кои и денеска протестираат пред Ректоратот на Унивезитетот во Приштина.

Продолжуваат студентските протести во Приштина, се бара оставка од ректорот

Според онлајн изданието на весникот „Експрес“, како што јави дописникот на МИА, при инцидентот се повредени и неколкумина демонстранти.

Стотици студенти, поддржани од членови на граѓански асоцијации и политички партии, веќе неколку дена протестираат пред Ректоратот барајќи оставка на ректорот Ибрахим Гаши.

Тие денеска насилно влегле во дворот на Ректоратот, по што се обидела да упаднат и во зградата на текторската управа, но биле спречени од полицијата.

Меѓу полицајците кои го обезбедуваат објектот има и припадниците на специјалната единица, а меѓу учесниците на протестот се повеќе познати косовски личности.

Протестите кои траат веќе неколку дена ги организираат студентските организации со поддршка на невладиниот сектор. Оставка од ректорот студентите бараат поради наводното објавување научни трудови во фиктивни весници. Со протестот бараат истрага за злоупотребите на Универзитетот, подобрување на инфраструктурата во Студентскиот центар и намалување на влијанието на Владата врз Унивезитетот.