Продолжуваат протестите кај Иловица, утринава и контраблокада

И утрово од 5 часот на падините на планината Огражден група активисти со жив ѕид и моторни возила го блокираат патот до рудникот Иловица-Штука. Четврти ден веќе ги блокираат теренските активности на концесионерот „Еуромакс“.

Преку својата Фејсбук страница, од организацијата „Здрава котлина“ информираат дека утрово се појавил и конвој од археолози и работници на компанијата, но бил запрен, по што се повлекол.

„Денес добивме одговор од Еуромакс во форма на контраблокада од 50 диви копачи и нивните фамилии кои излегоа да не блокираат на излезот од Иловица до браната. Полицијата се распореди меѓу нас и ја контролираше ситуацијата. Во меѓувреме дојдоа градоначалниците на Ново Село и Босилово и кога ја видоа ситуацијата на терен каква е преземаа улога на медијатори. Струмичкиот градоначалник не дојде“, велат од „Здрава котлина“.

video-1560761923

БЛОКАДАПочитувани сограѓани,Денес во 05:00 на падините на планината Огражден група активисти со жив ѕид и моторни возила го блокираше патот до рудникот на смртта Иловица-Штука. Со ова започнува нова фаза од нашата борба со употреба на жив ѕид и блокадите на сите теренски активности на концесионерот кој веќе 3 годнини оперира со истечена концесија. Вчера на собир на граѓани во Иловица се донесе решение за блокада и денес ја спроведуваме.Сабајле во 05:30 конвојот од археолози и работници на Еуромакс Ресурси беше запрен за кратко време се повлекоа назад.Денес го споведуваме во дело она што подолго време го зборувавме и за кое предупредувавме дека нема да дозволиме никому, по ниту една цена, никогаш да има рудник над нашите глави.Ова е прва од ваквите блокади и ги предупредуваме Еуромакс да ја разберат пораката, а посебно испраќаме порака до Влада на Република Северна Македонија во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот на смртта.Во прилог е видео од денешната блокада.

Posted by Здрава Котлина on Monday, 17 June 2019

Тие бараат од Владата во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот. Воедно, најавија масовна мобилизација на граѓаните.