Во Основниот суд 1 Скопје денеска од 13 часот ќе продолжи судскиот процес против членот на Левица, Здравко Савески заради неговото учесто во протестите од минатата година, односно кога повеќе револтирани граѓани по контроверзната одлука за аболиција ја кршеа канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.
„Судскиот процес против Здравко Савески трае веќе повеќе од една година, но и покрај тоа е на самиот почеток. Против него се’ уште се применуваат и мерки за безбедност, односно тој мора да се јавува во суд и полиција секој втор понеделник“, велат од Левица.
Од таму потсетуваат дека за учество во протестите се води судски процес уште против еден член на Президиумот на Левица, Мариглен Демири.