Продолжена важноста на пасошите и возачките дозволи до 31 јули

Министерството за внатрешни работи информираше дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи кои се истечени во периодот на вонредната состојба и тие ќе важат до 31 јули 2020 година.

Ова следува по одлуката на 51-вата седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за внатрешни работи, на која се донесени уредби со законска сила со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

„Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.