Продавница во Бирмингем им овозможува на граѓаните да изнајмуваат наместо да купуваат

Софи Ватсон неодамна отвори продавница за изнајмување во Бирмингем, откако сакала да проба нови активности, но немала простор за складирање опрема, пишува BBC.

Таа собра 8.000 фунти преку групно финансирање за да ја отвори продавницата во градскиот кварт за накит.

Луѓето плаќаат за да станат член на „The Borrow Shop“ („Продавница за позајмување“) и за возврат можат да позајмат десетици предмети.

Вaтсон се надева дека ќе го прошири обемот на достапни предмети и ќе стане „вистински центар на заедницата“.

Идејата дошла за време на првиот карантин поради пандемијата кога сакала да проба многу нови работи, но бидејќи живее во стан нема многу простор.

„Исто така, не сакав да трошам многу пари за работи“, додаде таа.

Откако ја претставила идејата на веб-страница за групно финансирање, 27-годишната Вaтсон собра пари за да ја отвори продавницата која работи од 7 август.

Околу 30 луѓе досега платиле членство од 20 фунти, што им овозможува да позајмат предмети, вклучувајќи електрични алати и опрема за чистење во одреден период за одредена претплата.

„Може да добиете сет од четири столови за преклопување за околу осум фунти, што веројатно е еквивалентно на тоа да го купите што потоа ќе треба да го чувате“, рече Вaтсон.

Најпопуларните предмети за позајмување се средство за чистење теписи и безжична машина за перење.

Од аспект на заедницата, Вaтсон вели дека сака да го намали количеството електрична опрема што ќе оди на депонија.

Истражувањата во 2020 година покажаа дека домаќинствата и бизнисите во Обединетото кралство произведуваат 1,45 милиони тони електричен отпад секоја година.