Приведено лицето кое им се закануваше на новинарките Јордановска и Коровешовска

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“.

Откако новинарките алармираа за навредите и заканите, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски му врачи отказ на Јакимовски поради нарушување на угледот на институцијата.

Заканите и навредите врз Јордановска и Коровешовска ги осудија локалните новинарски организации, како и Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите