Приведен активистот Павле Богоевски, граѓани се собираат пред станицата „Пролет“

Полицијата го приведе активистот на Шарената револуција Павле Богоевски, за време на герила акција на Камениот мост.

Тој, заедно со уште неколку активисти, се обиде да постави платно за време на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, но веднаш беше спречен од полицијата.

Веста за неговото приведување веднаш се рашири на социјалните мрежи. Активисти соопштија дека Богоевски е однесен во полициската станица „Пролет“ во Кисела Вода и ги повикуваат граѓаните на собир пред станицата во знак на поддршка.