PrivatePrint: Отворен повик за учество на групна виртуелна изложба

Студиото „PrivatePrint“ распиша отворен повик за учество во групна виртуелна изложба „VR Studio 2023“.

На повикот може да се пријават уметници и креативци, индивидуалци или колективи  на возраст до 35 години,кои работат или имаат интерес во нови уметнички медиуми и дигитална уметност и кои живеат и работат во земјава.

Крајниот рок за пријавување е до 15 јуни 2023 година, а заинтересираните своите предлози треба да ги испратат на електронската пошта info@privateprint.mk.

„Апликацијата треба да се состои од предлог концепт за виртуелно уметничко дело, кој ќе содржи краток опис на идејата и мотивацијата за реализација, како и визуелен прилог (скица) на предложената идејата. Избраните дела ќе се реализираат во соработка со 3Д дизајнерот и кураторот на проектот и ќе бидат групно изложени во виртуелното студио“, истакнуваат организаторите.

PrivatePrint – VR Studio е колаборативна програма за курирање и дизајнирање виртуелни изложби. VR Studio 2023 е кофинансирано од Министерството за култура на Северна Македонија и е овозможено преку активностите во серијата средби PrivatePrint Meets, финансирана преку Prince Claus Network Partnership Programme.