Институциите гледаат на новинарите како на непријатели, а не како на сојузници. Пристапот до јавните дата-бази е скап. За податоците се плаќаат највисоки цени во регионот. Ако, пак, станува збор за некој политички моќник, тогаш институциите дополнително се плашат да ги споделат информациите, велат истражувачките новинари Жанета Хаџи-Зафирова, Сашка Цветковска и Џелал Незири.
Тие сметаат дека истражувачките новинари во Македонија живат под секое ниво на човековото достоинство.
Видеосторијата е дел од проектот „Кој им ги врзува рацете на новинарите и како тие да се одврзат“, на организацијата Метаморфозис.