Принц ќе пишува мемоари

Принц најави дека ќе пишува книга, со наслов „Убавите луѓе“ („The Beautiful Ones“), која ќе биде објавена следната година од издавачката куќа „Шпигел унд Грау“. За време на последниот негов концерт што се одржа во Њујорк, во петокот, тој соопшти дека книгата ќе почне со неговата први сеќавања.

„Ова е мојата прва книга. Брат ми Дан ми помага околу неа. Тој е добар критичар и тоа е она што ми треба. Тој воопшто не е човек што кажува „да“ на се и тој навистина ми помага да успеам во ова“, рече Принц пред публиката.

„Ние почнуваме од почетокот, од моето прво сеќавање, а се надевам дека ќе стигнеме до Супер Боул“, додаде тој.

Претходно, преку соопштение, издавачката куќа рече дека книгата ќе биде „антиконформистичко и поетско патување низ животот и музиката на уметникот “. Во книгата ќе бидат вклучени приказни за музиката на Принц и „семејството кое го оформи и луѓето, местата, како и идеите кои ја развија неговата креативна имагинација“.

Педесет и седумгодишниот Роџерс Нелсон – Принц е еден од најуспешните музичари на сите времиња. Во последните 18 месеци тој објави четири албуми. Книгата, пак, се очекува да биде објавена во есен, 2017 година.