Примиерот на Етиопија постави жени на половина од министерските позиции

Во владата на премиерот на Етиопија Аби Ахмед, половината од министерските места им припаднаа на жените, вклучувајќи ја и позицијата на министерот за одбрана.

Образложувајќи ја одлуката за назначување новите министри и министерки, Аби изјави пред парламентот дека жените се “помалку корумпирани од мажите” и ќе помогнат во воспоставувањето на мирот и стабилноста.

Така Етиопија стана единствената африканска држава, со исклучок на Руанда, во која има ист број жени и мажи на министерски позиции. Покрај назначувањето на жените, премиерот на Етиопија го намали бројот на министерските позиции од 28 на 20.

Ова е само една од реформите што ги направи откако стана премиер во април оваа година. Тој успеа да стави крај на деценискиот конфликт со соседна Еритреја, ослободи илјадници политички затвореници и го ослабе влијанието на државата врз економијата.

Ајша Мохамед е првата министерка за одбрана. Претходно беше како министерка за градежништво. Муферијат Камил стана прва министерка за одбрана на оваа африканска земја.

Премиерот Аби најави продолжување на реформите со цел да ги реши структурните проблеми што ја турнаа земјата во хаос. Тој додаде дека жените се важен фактор во промената.

46-годишниот Аби стана премиер во април оваа година, по неочекуваната оставка на претходниот премиер која следеше по тригодишни протести од страна на етничката група на Оромо, која се бореше против политичката и економската маргинализација. Новоизбраниот премиер Аби и припаѓа на заедницата Оромо.