„Примерна сабота“ во „Ветерница“

Арт еквиливриум и Партизанска штампа во сабота (29.02.2020) во едукативно-креативниот центар „Ветерница“  од 18 до 22 часот оргганизираат отворена „Примерна сабота“.

„’Примери’ се пример на регионална соработка со ‘нашата’ екипа во Белград. Имено минатата година, под менторство на Радован Поповиќ, Бернхарда Ксилко и Алекандар Опачиќ  истуркавме една прототип работилница на создавање Примери на македонски јазик. Сецкавме, пасиравме, пишувавме лоши шеги, несериозни одговори на сериозни прашања, вадевме на астал болки, идентитети и трауми преку смеа и шега. ПРИМЕРИ се пример за еден сериозен пристап на создавање на несериозен стрип“, се вели во најавата за настанот.

Понатаму, организаторите потенцираат дека присутните не мора да се цртачи, сликари, писатели – а може и да се, никому не му е гајле.

„Важно е да си присутен, да рефлектираш, да се празниш од сра*ето, од лудилото на секојдневието во еден наратив кој нема смисла и не застанува… Дојди дури и да немаш што да кажеш, дојди дури и да незнаеш македонски, дојди да се истуриме на хартијата, затоа што хартијата трпи се – доста трпевме. Дојдете да создаваме ПРИМЕРИ на македонски јазик, да го оставиме сра*ето на секојдневието во вечноста! Подобро да сме срани, отколку по*рани…“, стои во најавата за настанот.