Прилепска Критична Маса #2: Револуција со велосипеди

Критична маса 2 во Прилеп ги повикува граѓаните по втор пат на „револуција со велосипеди“. Заедничкото возење е најавено во недела, на 6 јули со почеток во 19 часот, кај споменикот „Александар Македонски“ во Прилеп. Велосипедите ќе се возат по следната РУТА.

Прилеп

Прилепските велосипедисти направија и „Упатство за учество на Критична маса“:

– Немој да ги поминуваш тие што се напред и го диктираат темпото
– Критична маса не е трка. Уживај и вози со темпо како и побавните
– Обидувај се да ја затвориш празнината помеѓу тебе и тие пред тебе
– Секогаш кога е можно вози во најдесната лента
– Не поминувај коли пред тебе кои чекаат на црвено светло
– Не вози во лентата наменета се движење во спротивна насока
– Давај предност на возила со сини ротирачки светла, пешаци и автобуси
– Не вози на тротоар
– Нее пиј алкохол за време на возењата
– Не вози со слушалки
– Избегнувај кавги со возачи, се наведува во поканата за настанот.