Прилепчани возат новогодишна Критична маса

ПрилепНаТочак од 17:30 пред споменикот „Александар Македониски“ ја започнува 55-тата, новогодишна Критична маса.

„Во Новата година посакуваме подобри услови за алтернативно движење низ градот, пристапни институции, институции со повеќе вело паркинзи, безбедни улици слободни тротоари, слеани рабници и велосипедски патеки“, соопштува ПрилепНаТочак.

Оваа Критична маса ја посветуваат на лицата кои се спречени да пристапат во институциите поради недостиг на рампа.

„Дојдете на последната критична маса за оваа година, заедно да упатиме апел до наделжните институции, за што побрзо да се реши овој проблем. И оваа критична маса ја завршуваме со топол чај во џез клуб ‘Takefive’“, вели иницијативата ПрилепНаТочак.