Прилепчани денес ќе ја возат својата 69-та велосипедска Критична маса

Иницијативата ПрилепНаТочак за денес (26 февруари) од 17:30 часот ја организира својата 69-та велосипедска Критична маса, која традиционално ќе започне од споменикот „Александар Македонски“.

ПрилепНаТочак изминатиов период повторно алармираше за бројни нерешени проблеми со велосипедската инфраструктура и јавните простори.

Меѓу другото, даваше примери за градоби кои прогласија ослободување и независност на централното градско подрачје од автомобилите.

Се приклучи на повеќе македонски велосипедски иницијативи за задолжително пропишување на мерки за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот во сите урбанистички планови.

Иницијативата бараше слобода за возење велосипед.

„Тоа е кога децата слободно ќе можат да се движата #НаТочак по улица без родителите да се секираат дали некој автомобил ќе ги убие“, соопштија од иницијативата.

ПрилепНаТочак, исто така, месецов потенцираше дека најголема пречка поради која не се зголемува бројот на велосипедисти по улици е немањето безбедност.

„Проектирањето и градењето на безбедна и удобна вело-инфраструктура треба да биде приоритет број еден во борба против климатските промени“, нагласија велосипедистите.