Прилеп отвори стационар за бездомни кучиња

Прилеп за првпат отвори прифатилиште за кучиња. Има капацитет за прифаќање повеќе од 40 бездомни кучиња, а веќе се сместени 30-тина, информираат од Јавното претпријатие „Комуналец“.

За неговото функционирање се ангажирани пет лица – двајца се професионални заловувачи, еден ветеринарен лекар и еден ветеринарен техничар, како и лице кое се грижи за хранењето на кучињата.

Според Законот, кучињата во прифатилиштето можат да бидат еден месец. Во случај никој да не ги вдоми во тој период, кучињата се враќаат на местото каде се заловени.