„Приказни од Стокхолм“ во Кинотека на Македонија

Вечерва, 27 јануари, во Кинотека на Македонија премиерно ќе биде прикажан шведскиот филм „Приказни од Стокхолм“ во режија на Карин Фален.

 Проекцијата на филмот снимен 2014 година, е во организација на Амбасадата на Шведска. Шведската филмска критика со суперлативи се изјасни за филмот. Според „Свенска дагбладет“, станува збор за еден од најдобрите шведски филмови на годината. „Гетеборг постен“ се изјасни дека е тоа филм од висок интернационален калибар.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мртин Валстром, Јонас Карлсон, Јулиа Регнарсон и Филип Берг. Почетокот на промоцијата е најавен во 20 часот.