„Приказни од нашето детство“ – концерт на студенти на ФМУ на платото пред МОБ

„Приказни од нашето детство“ е насловен концертот на студентите од Факултетот за музичка уметност, од насоката за народни инструменти, традиционално пеење и изведувачка техника на орфов и народен инструментариум, од класата на проф. д-р Драган Даутовски, кој ќе биде изведен вечер на „Скопско лето 2016“.

Концертот, кој ќе се одржи на плоштадот Мајка Тереза (плато пред Македонската опера и балет), е во рамки на одбележувањето 50 години постоење на ФМУ.

Ќе настапат Мартин Јефремов (кавал, гајда), Роберт Ангеловски (кавал, гајда), Филип Стојановски (кавал), Виктор Постолов (кавал), Јане Вучков (тамбура) и Христијан Јаневски (тамбура).

Како гости на концертот ќе учествуваат Марјан Јанкоски (кавал), проф. на Факултет за музичка уметност во Штип, Басја Ариевска (тамбура) и Ратко Даутовски (тапан) – од националниот ансамбл Танец и Марјан Андоновски, раководител-кореограф од КУД Орце Николов-Скопје.