„Приказни од ходникот“ за сексуална едукација на младите

„Приказни од ходникот“ за сексуална едукација на младитеВо Младинскиот културен центар во Скопје, се одржа театарската претстава „Приказни од ходникот“. Театарот „Сенки и облаци“ заедно со 15 млади активисти и креативци во текот на февруари и март се занимаваа со разоткривање на митот и легендата за сексуалното и репродуктивното здравје. „Приказни од ходникот“ успеа да ја наполни салата во МКЦ со публика од различни генерации.

Според проектниот координатор Катерина Сековска, целта на овој проект е да се едуцираат што поголем број на млади луѓе за нивното здравје. Таа смета дека главната поента на проектот е да се подигне свеста на младите луѓе за редовно користење на презервативи и посета на доктор за намалување на опасностите од сексуално преносливите болести.

Izjava Katerina Stevkovska by Radio Mof on Mixcloud

Пред почетокот на претставата, пред влезот на МКЦ се делеше промотивен материјал за заштита од сексуално преносливи болести.
Инаку, интересно е да се спомeне дека од претставата ќе биде изработено видео. Фондацијата „Ем-ти-ви стејинг алајв“, која што е посветена на борбата против ширењето на ХИВ помеѓу млади луѓе, видеото ќе го дистрибуира преку својата мрежа за едукација.

Сунаи Сабриоски