„Приказната на браќата Манаки“ вечерва на „МакеДокс“

„Приказната на браќата Манаки“, „Пристап кон проблемот“ и „Погледот на тишината“ се на денешната програма на Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „МакеДокс“ кој се одржува од 20 до 26 јуни во Скопје.

Проекцијата на овие филмови ќе биде во Куршумли ан. Во МКЦ пак, од 19 часот, ќе се прикажува „Секојдневен бунт“, документарниот филм кој зборува за креативноста на ненасилниот отпор и граѓанската непослушност, како и за новите форми на протест. Во 21:30 часот, следува реприза на „Ќе дојде нешто подобро“.

За утревечер се најавува премиера на документарниот филм посветен на животот на студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Повеќе информации за содржината на филмовите се достапни на онлајн каталогот, а програмата може да се најде на овој линк.