Пријавете го вашиот производ за Наградата на Светскиот самит

Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени „Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит“.

Како иницијатива под покровителство на Обединетите Нации, Наградата на Светскиот самит промовира дигитални содржини кои навистина се издвојуваат. Ги избира најдобрите производи од повеќе од 160 земји-членки на ОН и ги поставува на глобалната сцена на светскиот конгрес за дигитални содржини.

За Наградата на Светскиот самит може да конкурираат јавни и приватни установи и фирми или организации регистрирани во Република Македонија, како и сите граѓани на Република Македонија. Наградата на Светскиот самит се доделува во повеќе категории, а секоја пријавена е-содржина ќе биде оценувана по однапред утврдени критериуми.

Метаморфозис ги повикува сите ентузијасти кои сакаат да добијат можност за учество на Наградата на Светскиот самит да ги испратат потребните содржини и информации за контакт на bardhyl@metamorphosis.org.mk најдоцна до 15 јули, 2013 година.

Сите детали и информации за Наградата на Светскиот самит се достапни на веб-сајтот