„Пријатели“ се враќаат на малите екрани со специјално издание

Рејчел, Моника, Фиби, Џои, Чендлер и Рос ќе се сретнат повторно во специјално двочасовно издание. Режисерот на култната американска серија Џејмс Бароус ја потврди веста и најави дека ќе се емитува на 21 февруари, на телевизискиот канал NBC.

Обожавателите на серијата веќе цела деценија очекуваа ново продолжение во кое уште еднаш ќе настапат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Kудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Во специјалната емисија посветена на Бароус, кој режираше сетови цели 40 години и е заслужен за режијата на 15 епизоди од „Пријатели“, ќе се појават и глумци од други славни серии, како „Кафулето Наздравје“, „Фрејзер“ и „Мајк и Моли“.