Поднесени педесетина приговори за резултатите од државната матура во август

За резултатите од државната матура во августовскиот испитен рок, кога полагаа 2295 средношколци, поднесени се вкупно 56 приговори. Од нив како основани, од страна на предметните комисии за приговори, биле прифатени 17, соопштија од Државниот испитен центар.

Резултатите од приговорите за државната матура, информираат од ДИЦ,  се доставени до училиштата на 2 септември, додека за кандидатите бил дозволен увид во тестот еден ден подоцна, во просториите на центарот.

Екстерните испити од државната матура во августовскиот испитен рок се реализираа од 18 до 21 август во средните училишта. Во овие термини полагаа матурантите кои не беа тестирани во јуни или пак паднаа по некој од предметите на матурата.

Во јуни државна матура полагаа околу 50 000 ученици, при што до ДИЦ беа доставени вкупно 505 приговори, од кои 212 прифатени како основани.