Презентација на програмата “Еразмус плус” пред студентите во Тетово

Владиниот Секретаријат за европски прашања, во соработка со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска со почеток во 12:00 часот во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ќе одржат презентација за европската програма “Еразмус +”.

На настанот ќе се обратат вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, директорот на Националната агенција за европски образовни програми  и мобилност Дарко Димитров, како и проректорот за меѓународни односи на Универзитетот, д-р Блерим Река.

Пред презентацијата, вицепремиерот Бесими,и директорот Димитров ќе го посетат медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово, кое е корисник на програмата Еразмус плус – ученици од ова школо веќе биле на обука и пракса во Цеље-Словенија, како дел од програмата.