Презентација на предлог – програмата „Фонд за млади умови“ во Котур

Утре (20 септември) од 13:30 часот во мултимедијалниот центар „Котур“ ќе биде презентирана предлог – програмата „Фонд за млади умови – Анализа на потреби и понатамошни чекори“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Од ФИТР ги повикуваат сите коишто сакаат да им се придружат во поддршката на креативноста и иновативноста кај младите, преку споделување на искуства и идеи.