Презентација на францускиот скулптор Yves Koerkel

Во недела (22 февруари), во Автономниот Културно Социјален Центар, со почеток во 20 часот, ќе се одржи презентацијата на францускиот скулптор Yves Koerkel и неговите скулптури, како и принципот Tessellation, врз основа на кој ја гради својата уметност.

Скулптурите на овој уметник се направени од рекламни постери секогаш свиткани според истите дијаграми. Сировиот материјал за скулптурите се состои од пробни отпечатоци или постери на крајот на рекламните кампањи. Понекогаш се тоа постери откинати од уличните ѕидови или се печатат по потреба.

„Во текот на десетте години тие се доста променети. Од ѕидовите каде што висеа тие се спуштија на земјата или се искачија на таванот во автономни простори кој овозможуваат разноликост на формите, брусејќи ги така да се ослободат од гравитацијата. Постерите секогаш содржат портрети кои еднаш оформени може да повикаат антропоморфни објекти, идеи, референци за уметност или историјата на архитектурата, различни царства, нашето време. Човечките суштества секогаш се портретираат и препознаваат себеси како дел од едно семејство, заедница, племе или раса“, се вели во описот на настанот.

Настанот е во организација на Креативен Викенд, кој заедно со Yves пред Скопската презентација, неговата работа, воедно и проектот Креативен Викенд заедно со уште неколку македонски и српски проекти и уметници (post global trio feat. Marko Jevtic, Тони Димитров, Amplidyne Effect, Milos Tomic, Igor Stangliczky) ќе ги претстават и во Белград.