Презентација на Ерина Поплавска за заштита од консумеризам

„Купувам значи постојам“ е темата на предавањето за заштита од консумеризам на Ерина Поплавска, кое во среда (30-ти ноември), во 18:30 часот, ќе се одржи во просториите на иницијативата „Ајде Македонија“.

„Во светот се создаде нова религија, а нејзиното мото е „Купувам додека постојам!“, стои во повикот на настанот.

„Конзумеризмот е став кој кон среќата на поединецот зависи од поседувањето на материјални добра. Растот на бруто друштвениот производ се наметнува како главно мерило на економската состојба на некои земји па сите на некој начин се обидуваат да го начнат настојувањето на потикнување на потрошувачката, а со тоа и потрошувачкиот менталитет, конзумистичката филозофија, како начин на живот кој се задоволува со непотребни материјални добра, конзумеризам“, додаваат организаторите.