Презентација и дискусија во „Дуња“: Прогресивно образование со уметноста

Инспирирано од теориите на американскиот филозоф и прагматичар Џон Дјуи и водено од социјалните експерименти на школите како Баухаус и Блек Маунтејн Колеџ – Кирил Дончов, дипломиран историчар на уметност, ќе го презентира и прошири својот дипломски труд за прогресивно образование преку уметноста.

Дискусијата ќе се одржи утре во Социјалниот центар „Дуња“ од 18 часот. Според организаторите на настаност, дискусијата ќе отвори прашања дали е возможен поинаков образовен систем од постоечкиот, како до него, како уметноста се приклучува кон ваквиот начин на организирање на образованието, што значи прогресивно образование?

„Образованието во последниве години навистина стана централна тема на дискусија кај нас, а посебен акцент се стави на високото образование, ги повикува сите оние кои имаат иновативни и напредни идеи да дојдат во ’Дуња’ и да поразговараме за тоа како до нов поредок во образованието“, стои во повикот за настанот.