Презентација и дискусија со уметничкиот активист Стив Ламберт во МСУ

На 10 јуни (недела) со почеток во 19.00 часот во Киното на Музејот на современа уметност ќе се одржи презентација и дискусија со Стив Ламберт, уметник активист од САД.

Уметничкиот активизам вклучува разни форми на дејствување за зголемување на јавната свест за постојните општествени промени и за иницирање промени. Овие практики ги надминуваат границите на воспоставените општествени и политички норми преку форма на отпор, протест и креативност, визуелизирани во јавни простори. Овие практики во уметноста имаат различни форми во зависност од просторниот и политичкиот контекст на активностите, бидејќи ваквиот контекст е од суштинско значење за нивното разбирање.

Стив Ламберт подготви специјална презентација за својата работа за Неделата на гордоста во Скопје. Ламберт ќе зборува за својата работа во однос на неговата јавна конфронтација со семејството ДеВос. Ова семјество го стекна своето богатство преку Amway, компанија за „маркетинг на повеќе нивоа“ (еуфемизам за пирамидална шема). Тие го користат своето богатство за поддршка на хомофобично законодавство и приватизација на училишта ширум Соединетите Американски Држави. Финансиски поддржуваат политички кампањи и беа членови на претседателските комисии на Роналд Реган, а денес Бетси ДеВос е државен секретар за образование во администрацијата на Доналд Трамп. Семејството ДеВос поддржува уметности и токму тука нивната приказна се судира со онаа на Ламберт.

Повеќе за Стив Ламберт можете да најдете на следниот ЛИНК.